← Назад кон почетната страница

NUTRIB · НУТРИЦИОНИСТИЧКИ ПРОГРАМИ

3-месечна нутриционистичка програма

Персонализирана исхрана и стручна поддршка во период од три месеци, со план приспособен на Вашите цели, вкусови и секојдневие.

За кого е програмата?

За лица што сакаат да работат на управување со телесната тежина и да изградат применливи навики во исхраната. Изборот на програмата се прави индивидуално, по разговор за Вашите потреби.

Што вклучува?

Индивидуален план за исхрана со достапни намирници и практични оброци. Контроли на секои 4 недели, консултација и мерење на 22 телесни параметри, следење на напредокот и корекции на планот.

Како изгледа поддршката?

Планот се приспособува според Вашите вкусови, рутина и напредок. Во текот на програмата се разгледуваат прашањата за оброците и потребните промени, како и суплементацијата доколку е соодветна за Вашите потреби.

Како се одвива програмата?

Континуирана поддршка во период од 3 месеци: почетна консултација → индивидуален план → четири недели следење → контрола и нов приспособен план.

01 · Почетна консултација и проценка

Прво закажувате почетна консултација. Разговараме за Вашите цели, навики, здравствена состојба и секојдневие. Доколку имате здравствена анамнеза, на првата контрола донесете ги сите медицински извештаи и крвни анализи што ги имате. Доколку немате крвни анализи, на почетната консултација договараме кои анализи е потребно да се направат, според Вашите потреби и во координација со лекарот.

02 · Вашиот прв индивидуален план

По почетната проценка го добивате Вашиот индивидуален план за исхрана. Тој е приспособен на Вашите вкусови, здравствени потреби, обврски и можности за подготовка на оброците. Го следите планот четири недели, а во тој период ги бележите прашањата, промените и тешкотиите за да ги разгледаме заедно.

03 · Контрола во четвртата недела

Во текот на четвртата недела правиме контролна консултација. Го разгледуваме напредокот, како се чувствувате, како Ви одговараат оброците и што треба да се приспособи. Ги земаме предвид и новите информации за Вашата здравствена состојба и анализите, доколку ги има.

04 · Приспособен план и нов циклус

По контролата ја преработуваме програмата според Вашите актуелни потреби. Го добивате следниот приспособен план и го следите нови четири недели. Во четвртата недела од секој следен циклус повторно правиме контрола и корекции — така поддршката продолжува во текот на целото времетраење на програмата.

Вашите потреби се почетната точка.

Разговарајте со нутриционист за индивидуален пристап кон Вашата исхрана.

Закажи бесплатна онлајн консултација →

Вашата програма се избира индивидуално.

Почнуваме со разговор за Вашите цели, потреби и секојдневие.

Љубица Трифунова Ѓорѓиева · Нутриционист

Scroll to Top