3-Месечна трајна програма – Последната промена што ТИ треба!

🚫 Не е диета.
🚫 Не е привремено решение.
✅ Ова е последниот план за исхрана што ќе Ви треба – затоа што ќе научите како да се храните здраво и природно, без да се вртите во кругот на рестрикции и јо-јо ефекти.
Зошто оваа програма е различна?
За разлика од типичните диети кои носат привремен резултат, оваа програма е изградена така што ќе Ви помогне да направите вистинска и трајна промена. Наместо да броите калории, да се откажувате од храна што сакате или да следите краткотрајни режими, тука ќе научите:
✔ Како да ослабете без гладување – со 3-5 оброци дневно што ќе го поддржат Вашиот метаболизам.
✔ Како да го регулирате внесот на храна без опсесивно мерење – нема броење калории, грами, јаглехидрати или протеини.
✔ Како да се храните со реална храна – не мора да консумирате суперфудс како киноа, тофу, хељда, овесни каши и сл. односно храна што не ја сакате. Ќе користиме храна која е достапна, традиционална и прилагодена на Вашите вкусови.
✔ Како да уживате во оброци што се подготвуваат за 20 минути – затоа што никој нема време за комплицирани рецепти.
✔ Како да постигнете резултати без ригидни правила – нема присилни 2 литри вода на ден, нема килограми овошје, нема забрани што го прават процесот невозможен.
Како функционира програмата?
🔹 Персонализиран пристап – Нема две исти тела, па затоа и не постои една иста диета за сите. Ова не е генерализиран план, туку целосно индивидуализиран пристап кој се прилагодува на Вашиот начин на живот, метаболизам и цели.
🔹 3 месеци со стручна поддршка – На секои 4 недели доаѓате на контрола, каде заедно го следиме Вашиот напредок преку консултација и мерење на 22 телесни параметри, правиме корекции и креираме нов план што одговара на Вашето тело во тој момент.
🔹 Фокус на трајни резултати – Ова не е диета што ќе ја правите година за година, туку последната што ќе Ви треба. Целта не е да ослабете само за одреден период, туку да стекнете навики што ќе Ви помогнат никогаш повеќе да не се враќате на почетокот.
Стручна поддршка за суплементација – избегнете ризици по Вашето здравје!
Бидејќи сум специјалист по фитотерапија и суплементација, знам колку е важно да се користат додатоци во исхраната правилно. Земањето суплементи на своја рака може да биде опасно – неправилна доза или несоодветен избор може да донесе повеќе штета отколку корист. Со моја помош, ќе направите правилен и безбеден избор на суплементација, ако таа воопшто Ви е потребна.
Што добивате со оваа програма?
✅ Намалување на килограмите на природен начин (до 10 кг за 3 месеци)
✅ Безбедно слабеење, без ризици по здравјето
✅ Поддршка за метаболичкото и хормоналното здравје
✅ Разбирање како да се храните правилно без да зависите од диети
✅ Долгорочна промена што ќе остане со Вас
🔴 Ова не е уште една диета што ќе ја пробате. Ова е Вашата шанса да инвестирате во себе – еднаш засекогаш.
📩 Пријавете се денес и направете ја последната промена што Ви треба!

Подобри го своето здравје

Scroll to Top