← Назад кон почетната страница
NUTRIB · НУТРИЦИОНИСТИЧКИ ПРОГРАМИ
Годишна нутриционистичка програма
Долгорочна нутритивна поддршка со индивидуален план и континуирано следење. Постојната годишна програма е насочена кон онколошки пациенти.
Исхрана според состојбата и терапијата
Планот се приспособува на Вашата здравствена состојба, тековните терапии, апетит и можности за внес на храна. Пристапот се определува во координација со медицинскиот тим.
Што вклучува програмата?
Персонализиран план за исхрана, редовни консултации и приспособување на планот во текот на годината. Суплементацијата се разгледува индивидуално и по проверка на соодветноста со терапијата.
Континуирана поддршка
Целта е јасна структура на исхраната и следење на променливите нутритивни потреби. При намален апетит, слабеење или тешкотии со јадење, потребите се разгледуваат заедно со медицинскиот тим. Исхраната ја дополнува медицинската грижа.
Како се одвива програмата?
Континуирана поддршка во период од 12 месеци: почетна консултација → индивидуален план → четири недели следење → контрола и нов приспособен план.
01 · Почетна консултација и проценка
Прво закажувате почетна консултација. Разговараме за Вашите цели, навики, здравствена состојба и секојдневие. Доколку имате здравствена анамнеза, на првата контрола донесете ги сите медицински извештаи и крвни анализи што ги имате. Доколку немате крвни анализи, на почетната консултација договараме кои анализи е потребно да се направат, според Вашите потреби и во координација со лекарот.
02 · Вашиот прв индивидуален план
По почетната проценка го добивате Вашиот индивидуален план за исхрана. Тој е приспособен на Вашите вкусови, здравствени потреби, обврски и можности за подготовка на оброците. Го следите планот четири недели, а во тој период ги бележите прашањата, промените и тешкотиите за да ги разгледаме заедно.
03 · Контрола во четвртата недела
Во текот на четвртата недела правиме контролна консултација. Го разгледуваме напредокот, како се чувствувате, како Ви одговараат оброците и што треба да се приспособи. Ги земаме предвид и новите информации за Вашата здравствена состојба и анализите, доколку ги има.
04 · Приспособен план и нов циклус
По контролата ја преработуваме програмата според Вашите актуелни потреби. Го добивате следниот приспособен план и го следите нови четири недели. Во четвртата недела од секој следен циклус повторно правиме контрола и корекции — така поддршката продолжува во текот на целото времетраење на програмата.
Вашите потреби се почетната точка.
Разговарајте со нутриционист за индивидуален пристап кон Вашата исхрана.
Вашата програма се избира индивидуално.
Почнуваме со разговор за Вашите цели, потреби и секојдневие.
Љубица Трифунова Ѓорѓиева · Нутриционист