← Назад кон почетната страница

NUTRIB · НУТРИЦИОНИСТИЧКИ ПРОГРАМИ

Онлајн нутриционистичка програма

Персонализирана нутритивна поддршка од Вашиот дом, со консултации, следење и корекции на планот преку онлајн комуникација.

За кого е програмата?

За лица што живеат во друг град или надвор од земјата, имаат динамичен распоред или не се во можност редовно да доаѓаат на физички контроли.

Што вклучува?

Индивидуален план за исхрана според Вашите цели и потреби. Контроли на секои 4 недели преку видео повици или пораки, приспособување на планот и континуирана комуникација. Достапни се и едукативни материјали.

Како започнуваме?

По почетниот разговор се пополнува анкета за здравствена и нутритивна проценка. Потоа се подготвува индивидуалниот план и се договара следењето. Програмата може да се организира како тримесечна или шестмесечна поддршка.

Како се одвива програмата?

Континуирана поддршка во период од 3 или 6 месеци, според избраната онлајн програма: почетна консултација → индивидуален план → четири недели следење → контрола и нов приспособен план.

01 · Почетна консултација и проценка

Прво закажувате почетна консултација. Разговараме за Вашите цели, навики, здравствена состојба и секојдневие. За онлајн разговорот подгответе ги сите постојни медицински извештаи и крвни анализи во електронски формат. Доколку немате крвни анализи, на почетната консултација договараме кои анализи е потребно да се направат, според Вашите потреби и во координација со лекарот.

02 · Вашиот прв индивидуален план

По почетната проценка го добивате Вашиот индивидуален план за исхрана. Тој е приспособен на Вашите вкусови, здравствени потреби, обврски и можности за подготовка на оброците. Го следите планот четири недели, а во тој период ги бележите прашањата, промените и тешкотиите за да ги разгледаме заедно.

03 · Контрола во четвртата недела

Во текот на четвртата недела правиме контролна консултација преку онлајн разговор. Го разгледуваме напредокот, како се чувствувате, како Ви одговараат оброците и што треба да се приспособи. Ги земаме предвид и новите информации за Вашата здравствена состојба и анализите, доколку ги има.

04 · Приспособен план и нов циклус

По контролата ја преработуваме програмата според Вашите актуелни потреби. Го добивате следниот приспособен план и го следите нови четири недели. Во четвртата недела од секој следен циклус повторно правиме контрола и корекции — така поддршката продолжува во текот на целото времетраење на програмата.

Вашите потреби се почетната точка.

Разговарајте со нутриционист за индивидуален пристап кон Вашата исхрана.

Закажи бесплатна онлајн консултација →

Вашата програма се избира индивидуално.

Почнуваме со разговор за Вашите цели, потреби и секојдневие.

Љубица Трифунова Ѓорѓиева · Нутриционист

Scroll to Top