
Менопаузата е природна фаза од животот на секоја жена, но истовремено претставува период на големи хормонски, метаболички и психофизички промени. Разбирањето на процесите што се случуваат во телото е првиот чекор кон подобрување на животниот квалитет и намалување на непријатните симптоми.
Што претставува менопауза?
Menopauzata е биолошка транзиција која започнува кога јајниците престануваат да произведуваат доволно естроген и прогестерон. Се дефинира кога ќе поминат 12 последователни месеци без менструален циклус. Иако е природен процес, хормонските промени можат значително да влијаат на секојдневното функционирање.
Хормонални промени во перименопауза и менопауза
Промените започнуваат уште во перименопаузата, која може да трае од 5 до 10 години. Во овој период:
- Нивото на естроген се намалува и флуктуира.
- Прогестеронот се намалува уште побрзо, што создава хормонска дисхармонија.
- Се нарушува функционирањето на хипоталамусот — центарот за терморегулација, апетит и сон.
- Мозочните невротрансмитери како серотонин и норадреналин се менуваат, што влијае на расположението и енергијата.
Во менопауза, естрогенот доаѓа на минимални вредности, што го менува начинoт на кој телото ја регулира температурата, метаболизмот, липидниот профил и здравјето на коските.
Најчести симптоми на менопауза
Симптомите се индивидуални, но најчесто се појавуваат:
- Топли бранови (валуги) и ноќно потење
- Несоница и нарушена терморегулација
- Анксиозност, промени во расположение, раздразливост
- Забрзано добивање на тежина
- Слабеење на коските (остеопенија, остеопороза)
- Губење на мускулна маса
- Сува кожа, сувост на слузниците
- Проблеми со концентрацијата („brain fog“)
Овие промени произлегуваат од хормонската нестабилност и намалениот естроген кој има заштитна улога во телото.
Како менопаузата влијае на здравјето?
Нискиот естроген има директно влијание на повеќе системи во телото. Овој период носи поголем ризик од:
- Кардиоваскуларни заболувања
- Инсулинска резистенција и дијабет тип 2
- Покачени масти во крвта
- Остеопороза и фрактури
- Зголемени воспалителни процеси
- Промени во метаболизмот и складирањето масти
- Проблеми со расположението и емоционална нестабилност
Поради овие ризици, постменопаузалната грижа за здравјето е од огромно значење.
Што да правите при чести и неподносливи валуги?
Валугите се резултат на нарушена терморегулација во хипоталамусот. Кога температурата на телото ќе се промени дури и за 0.01°C, телото реагира со:
- вазодилатација (топлина, црвенило)
- потење
- потоа одеднаш ладно тресење
Во момент на валуга:
- Испијте вода или електролити
- Земете Нане-мента
- Избегнувајте топли напитоци, кафе и алкохол
- Седнете во проветрена просторија
- Смирете го дишењето (длабоки вдишувања)
- Носете лесна памучна облека
Долгорочни стратегии:
- Урамнотежена исхрана со стабилен шеќер во крвта
- Избегнување зачинета храна и големи оброци
- Редовна физичка активност
- Контрола на стрес
- Правилна суплементација според индивидуални потреби

Исхрана, суплементација и физичка активност во менопауза
Во овој период, телото има повисоки потреби и пониска способност за регулација.
Исхрана:
Правилната исхрана помага да:
- се стабилизира енергијата
- се намалат валугите
- се контролира телесната тежина
- се заштитат срцето и коските
- се намалат воспаленијата
Суплементација:
Во овој период често има недостаток на:
- магнезиум
- витамин Д3 + К2
- омега-3 масни киселини
- Б-комплекс
- калциум (индивидуално)
Тие го подобруваат сонот, енергијата, здравјето на коските и нервниот систем.
Физичка активност:
Редовното движење помага да:
- се зачува мускулната маса
- се забрза метаболизмот
- се намали ризикот од дијабет
- се подобри расположението
- се намали зачестеноста на валугите
Како полесно да се помине menopauzata?
Менопаузата е природен, но комплексен период кој бара внимание, знаење и правилен пристап. Со балансирана исхрана, соодветна суплементација и редовно вежбање, голем дел од симптомите може значително да се намалат — а здравјето на долг рок да се подобри.Закажи го твојот прв термин за консултација и започни со индивидуалната трајна програма за исхрана во menopauza.

