Зошто коријандерот често го препорачувам?

Trajna programa za ishrana

Коријандер е зачин што секогаш предизвикува реакција. Некои веднаш го сакаат, други велат дека „не можат да го поднесат“. Искрено, и јас не го препорачувам на сила. Но, кога некој ќе ми каже дека сака да внесе повеќе свежина во исхраната или да направи едноставни јадења повкусни без многу компликации, коријандер речиси секогаш ми е прва препорака.

Korijander во исхрана не значи компликација – токму спротивното, тоа е зачин што лесно се вклопува во секојдневните оброци и им дава нова димензија.

Кога и како користам коријандер во исхраната?

Најчесто го користам свеж. Го додавам буквално на крај, кога јадењето е веќе готово. Малку ситно сечкан коријандер знае целосно да го смени вкусот.

Го додавам:
• во обична салата со домати, краставици и малку лимон
• во супи и чорби, само една рака пред сервирање
• со леќа или наут, каде што навистина доаѓа до израз
• со риба или лесни јадења од пилешко
• во брзи домашни сосови, јогурт + коријандер + малку лук

Семето од коријандер, односно melen koriander, го користам поретко, но кога го користам, секогаш го загревам кратко во сува тава. Мирисот веднаш се ослободува и јадењето добива длабочина, без да биде тешко.

Зошто коријандерот го поврзуваат со чистење на тешки метали?

Често ме прашуваат дали коријандерот „чисти“ тешки метали. Сакам тука да бидам искрена. Не постои зачин што магично ќе го исчисти организмот.

Да, постојат истражувања кои покажуваат дека одредени соединенија во korijanderot можат да се врзат за тешки метали, но тоа не значи дека ако јадеш кориандер, правиш детокс.

Јас на ова гледам вака: ако веќе сакаш да се храниш подобро, да јадеш повеќе свежа храна и помалку преработена, korijander vo ishrana е убав додаток. Поддршка, не решение.

Нутриционист Љубица Трифунова Ѓорѓиева нуди бесплатна консултација и мерење на 22 телесни параметри во Скопје

Зошто korijanderot ми е практичен?

Ми се допаѓа што коријандерот денес лесно се наоѓа и кај нас. Свеж има на пазар, melen koriander има во маркетите и продавниците за здрава храна. А ако еднаш пробаш да го одгледуваш дома, ќе сфатиш колку е благодарен и лесен за одгледување.

За мене, тоа е зачин што не ја комплицира исхраната. Не бара рецепти, не бара посебни правила. Само малку чувство и отвореност да се проба.

Коријандерот го препорачувам затоа што додава свежина, го раздвижува вкусот и ги тера луѓето малку да излезат од класиката во оброците. Не мора секој да го сака, и тоа е во ред. Но, ако му дадеш шанса и го користиш умерено, знае пријатно да те изненади.

Trajna programa za ishrana

Scroll to Top